Општина Карпош и оваа година одвои од својот буџет средства за стипендирање на талентирани спортисти и ученици, одлуката за новно стипендирање ја одобри и Советот на локалната самопуправа. Вкупно 14 ученици – апликанти од основните училишта во Карпош, осмо и деветтоодделенци, добија спортски стипендии за учебната 2019/2020 година. Филип Дочиноски ( 9-то одд.), од „ Христијан Тодоровски Карпош“ во кошарка доби стипендија од 3.000 денари, како и осмоодделенецот-кошаркар Карло Димевски од ООУ „ Владо Тасевски“ ја доби истата сума. Осмоодделенците од „ Владо Тасевски “ Марио Џон и Никола Шашков, како и осмоодделенецот Петар Цонковски од „ Војдан Чернодрински“, во спортската категорија бадминтон исто така се стипендирани со по 3.000 денари.
Пливачките Калина Стојановска ( 9-то одд) и Јана Милковска ( 8 одд), од „ Димо Хаџи Димов“ , како и Коста Серафимовски од приватно училиште се стипендирани основци-карпошани со по 3.000 денари месечна стипендија.
Одбојкарката Фани Поповски ( 9 одд), од „ Владо Тасевски“, фудбалерот Андреј Данчевски ( 8 одд) од „ Лазо Трповски“, како и атлетичарката Снежана Туневска од „ Јан Амос Коменски“, добија стипендија по 3.000 денари.
Стипендирани со по 2.000 денари месечен износ се деветтоодделенките Теона и Леона Топаловска од ООУ „ Лазо Трповски“ во спортската категорија борење.
Во скоро време, ќе биде распишан и огласот за талентирани ученици од територијата на Општина Карпош. Сите заинтересирани ќе можат да аплицираат согласно претходно утврдените критериуми за јавување на овој конкурс.