Поранешниот трет светски рекет Давид Ферер стана спортски директор на турнирот во Барселона, објавено е на официјалната страница на АТП. Тој го наследи Алберт Коста, кој го водеше натпреварувањето од 2009 година.
-Да раководам со овој турнир е големо достигнување за мене и возбудлив предизвик во мојот живот како спортист и љубител на тенисот. Имам двојна задача – да обезбедам континуитет и развој на професионалното наследство оставено од мојот пријател Алберт Коста, кого можам да му честитам и благодарам само за неговата вредна соработка во транзицискиот период, изјави Ферер.
Наградниот фонд на „Барселона опен” изнесува 2,75 милиони евра.