Веднаш по синоќешните натпреварите од 3. коло во Лига купот на Англија, направена е ждрепка за осминафиналните двојки кои донесоа две интересни пресметки во оваа елиминаторна рунда. Ливерпул ќе игра со Арсенал, а Челси со Манчестер Јунајтед против кого на стартот од премиерлигашката сезона беше убедливо поразен (0:4).
ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ: Евертон – Ватфорд, Астон вила – Вулверхемптон, Манчестер сити – Саутемптон, Бартон – Лестер, Кроли Таун – Колчестер, Челси – Манчестер јунајтед, Оксфорд – Сандерленд, Ливерпул – Арсенал.
Натпреварите се играат на 28 октомври.