САД воведуваат нови санкции за кинеските компании поради транспорт на иранска нафта и покрај забраната што е воведена за таков вид дејност, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.
„Ние продолжуваме да ги преземаме сите неопходни чекори за да извршиме максимален економски притисок против иранскиот режим и оние што придонесуваат за дестабилизација“, рече тој. Помпео рече дека мерката била донесена за да се спречи прилив на пари во иранскиот режим.
Новите санкции беа воведени за две кинески компании „Кунлун холдинг компанија“ и „КОСКО шипинг танкер“, како и за пет нивни соработници.