На 25.09.2019 околу 10.50 часот на патот Куманово – Скопје, на влез во с.Љубодраг, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(22) од с.Арачиново, скопско, излетало од коловозот. Б.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза’’ за укажуавање на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.