Барние: Чекаме правни и оперативни предлози од Лондон

Преговарачот на Европската унија за Брегзит, Мишел Барние изјави денеска дека Лондон допрва треба да понуди „легални и оперативни” предлози за надминување на застојот  во разговорите за излез на Велика Британија.

– Се уште сме подготвени да работиме ако добиеме нови законски и оперативни предлози. Се уште го чекаме тоа, изјави Барние по пристигнувањето во Брисел на разговори со европратениците.

Тој одби да коментира за актуелната политичка криза во Велика Британија, каде Парламентот вчера ја продолжи работата, откако Врховниот суд ја отфрли како незаконска суспензијата на барање на премиерот Борис Џонсон.

Џонсон продолжува да инсистира Велика Британија да ја напушти ЕУ до 31 октомври, со или без договор.

Треба да знаете
Последни објави