Бугарската економистка , Кристалина Георгива, како што се очекуваше, е избрана за челната позиција на Меѓународниот монетарен фонд. Таа е прва личност од Балканот која застанува на чело на една ваква светска организација.
Изборот на Георгиева за извршен директор на ММФ е огромно достигнување за Бугарија, напиша на Фејсбук премиерот на Бугарија Бојко Борисов.
Георгиева беше избрана за оваа функција од бордот на директори на ММФ по одличниот настап за време на интервјуто, пренесе Ројтерс. Георгиева беше единствениот кандидат за шеф на финансиската институција. Таа ја заменува Кристин Лагард, која беше првата жена што го предводеше ММФ во 2011 година.