Поранешниот тренер на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал, францускиот стартег Арсен Венгер, одговори на прашањето дали е подготвен да го предводи Манчестер јунајтед доколку сегашниот предводник Оле Гунар Солскјер го напушти тимот.
-Како што реков, Манчестер јунајтед е работа во соништата за било кој тренер. Имам доверба, решеност. Имам идеи, изјави Венгер.
Шеесет и деветгодишниот Венгер како тренер на Арсенал трипати стана шампион на Англија. Тој го водеше тимот од 1996 до 2018 година.
Манчестер јунајтед е на осмото место на шампионатот, со осум бода по шест одиграни натпревари.