Дајмлер казнет со 870 милиони евра за манипуација со штетните гасови

Германскиот производител на автомобили, Дајмлер е казнет со 870 милиони евра поради кршење на прописите во врска со емисијата на штетните гасови од дизел автомобили, соопшти тамошното обви нителство.

По одлуката, Дајмлер излезе со соопштение во кое се вели дека во најдобар интерес на самата компанија е да се заврши целата оваа постапка што значи дека нема да поднесат жалба на одлуката.

Според обвинителството, компанијата од 2008 година станала немрана во однос на првилата и издавала сертификати за дел од возилата, иако имале енормно висока емисија на штетни гасови.

Во обвинителствата во Германија во моментов се наоѓаат 20-тина предмети против автомобилските произведители од оваа земја, а веќе се изречени големи казни за Фолксваген групацијата и за Дајмлер.

Дајмлер е под регулаторна контрола и во САД. Во февруари 2016 година американската агенција за заштита на животната средина побара германска автомобилска компанија да ги разјасни емисиите на одредени модели на дизел автомобили.

Треба да знаете
Последни објави