Човекот кој стои зад серијата блокбастери од „Марвел“ режирани според стрипови, наскоро ќе соработува со „Дизни“ во подготовката на новиот филм од сагата „Војна на ѕвездите“.
Алан Хорн од студиото „Волт Дизни“ изјави дека идејата за соработка со Кевин Фајги дошла многу природно и имала смисла.
Според Хорн, новиот дел од франшизата ќе биде дел од новата ера на приказната за „Војна на ѕвездите“, а Фајги го опиша како фанатик по овие филмови.
Под водството на Фајги, филмовите кои спаѓаат во „Марвел синематик јуниверс“ заработија преку 22 милијарди долари на светските премиери.
Истовремено, „Дизни“ најави неколку проекти поврзани со „Војна на ѕвездите“ кои се очекуваат по премиерата на „Војна на ѕвездите: Враќањето на Скајвокер“, со кој ќе се комплетирата сагата за Скајвокер, која започна со оригиналниот филм на Џорџ Лукас во 1977.
Минатата година, продукцијата најави дека креаторите на тв-серијалот „Игра на тронови“ исто така работат на своја серија од филмови „Војна на ѕвездите“. Директорката на „Лукасфилм“, Кејтлин Кенеди, за Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс изјави дека се едни од најдобрите режисери на денешницата.
Покрај ова, Рајан Џонсон, режисер на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ работи на нова трилогија со сосема нови ликови.
„Дизни“ ја купи продукцијата „Лукасфилм“ во 2012 година, а оттогаш има продуцирано четири нови филма со заработка од околу 4 милијарди долари.