ЕУ ќе именува специјален пратеник во дијалогот меѓу Белград и Приштин

Брисел планира да именува висок специјален пратеник или претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, пренесува РТС повикувајќи се на приштински „Коха диторе“ и на неименувани дипломатски извори во ЕУ.

„Нема да биде доволно таа личност само да има контакт и пристап до Александар Вучиќ и Хашим Тачи, туку овој пратеник би требало сериозно да ги сфати и останатите актери на Косово, во Србија и во светот и да има политичка тежина“, вели изворот за весникот.

Некои дипломати сметаат дека тоа би требало да биде сериозна личност од висок политички профил и прифатлива за властите во Белград и Приштина но и за Вашингтон, Њујорк, па дури и за Москва.

Треба да знаете
Последни објави