Македонскиот фудбалски интернационалец Музафер Ејупи, кој сега е играч на хрватскиот Славен Белупо е приведен во средата вечер поради учество во тепачка која се случила во центарот на Копрвница, пишуваат тамошните медиуми. Причината за физичката пресметка во која Ејупи и негов пријател нападнале повозрасен 52-годишен човек од Копривница се случила поради расправија за паркинг место.
Според хрватските медиуми Ејупи, кој како играч на Осиек доби и покана за настап за амкедонската репрезенатција, заедно со својот пријател (32 години) во тепачката му нанеле тешки телесни повреди на познатиот и повозрасен жител на Копривница, кој завршил во болница.
„На 25. септември во 19:40 часот на улицата „Антун Немчиќ“ во Копривница, дошло до физичка пресметка меѓу три машки лица на возраст од 52, 32 и 31 година. Лицето на возраст од 52 години се здобило со тешки телесни повреди, а другите двајца со лесни повреди. Две лица се приведени и се истражува случајот“, се наведува во полицискиот извештај пренесуваат медиумите.
Ејупи в сабота треба во Копривница да игра токму против својот поранешен клуб Осиек, но по се изгледа дека до тоа нема да дојде. Засега неговиот клуб Славен Белупо сеуште се нема изјаснето дали ќе го суспендира и ќе го оддалечи од тимот поради учеството во инцидентот.