Во текот на 25.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 58 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 13 возачи, од кои: 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач – почетник, кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, од сообраќај се исклучени и 12 возила, од кои едно возило поради техничка неисправност и 11 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 16 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 87 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.