Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по победата над Осасуна во 6. коло од Шпанското првенство (2-0), ја истакна играта на талентираните Винисиус и Родриго. Вториот постигна гол само една минута по влегувањето на теренот.
– Задоволен сум од Винисиус и Родриго. Да не забораваме дека тие имаат само по 18 години. Задоволен сум од двајцата. Ми се допадна како Родриго успеа да ја контролира топката пред голот. Беше феноменално, изјави Зидан.
Реал синоќа против Осасуна ги освои бодовите иако во составот немаше неколкумина стандардни првотимци кои добија поштеда од тренерот.