Изборот на Меси за играч на годината е наместен !?

Откако ФИФА го промовираше Аргентинецот од редовите на Барселона, Лионел Меси за најдобар фудбалер во светот за 2019 година на свечена церемонија во Милано, ги обелодоени гласовите на  селекторите и капитени на репрезентациите кои одлучуваа за најдобриот. Јавната презентација на гласовите откри дека распределбата на поените не е истата. По ваквите воочени пропусти јавно проговори селекторот на Судан, челниците на Египет, кои гласале во името на селекторот кој го немаат, капитенот на Никарагва. Нивните гласови како велат тие не завршиле на контото за кого ги намениле.

Заедничко за сите нив е што не дале максимален број на поени за Меси.

-Не гласав за Меси. Воопшто не гласав за никого иако од ФИФА ме информираа дека ќе ми дадат линк за гласање. Никогаш не добив такво нешто и не учествував во изборот. Затоа сум изненаден кого го видов моето име меѓу оние кои гласале за Меси – изјави Хуан Барера, капитенот на Никарагва, кој според  информациите од ФИФА гласал за Меси, Роналдо и Мане.

И селекторот на Судан, хрватскиот стартег Здравко Логарушиќ, обвини за манипулација со гласовите. Тој тврди дека своите гласови ги дал за Салах, Мане и Мбапе, а на листата објавена од ФИФА стои дека гласал за Меси, Ван Дајк и Мане.

По ваквите јавни реакции на поединци повторно се отвора прашањето дали изборот на најдобриот фудбалер на годината е регуларен или наместен !?

Треба да знаете
Последни објави