Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ф.Т.(58) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2019 во Струга на ул.„Прва македонска ударна бригада“, пријавениот како сопственик и инвеститор, изградил објект за домување, без одобрение за градба.