Лукашенко е подготвен да преземе контрола над украинско-руската границa

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е подготвен да се вклучи во напорите за решавање на кризата во Донбас, да испрати миротворци и да ја преземе контролата над украинско-руската граница, пренесува ТАСС.

„Ако постои желба да влеземе и да ги затвориме тие 400 км граница што ги дели Украина и Русија, а која Киев во моментот не ја контролира, ќе го направиме тоа“, рече тој.

Лукашенко истакна и дека конфликтот на југоистокот од Украина за него претставува голем проблем, но дека е подготвен да испрати миротворци, граничари трупи.

„Ние сме подготвени да го затвориме тој дел од границата ако постои согласност од двете страни“, рече белорускиот претседател.

Лукашенко рече и дека се придржува до принципите за единствена и неделива Украина и дека Минск ќе продолжи да пружа максимална поддршка за решавање на конфликтот во Донбас.  Тој потсети на војната во Југославија која доведе до распарчување на земјата.

„Така е полесно да се управува. Размислете, кому му е во интерес Украина да не биде Украина“, рече тој .

Лукашенко потсети дека честопати го критикувал поранешниот украински претседател Петро Порошенко дека не презел ништо за да ја спречи војната во земјата.

„Во вашата земја во тек е војна, мора да го решите овој проблем“, истакна тој.

Белорускиот лидер посочи дека ситуацијата во Украина се сменила, особено по претседателските избори и изрази надеж дека ќе одржи средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Но мора да знаете: ние нема да ги наметнуваме мировниците ниту нашето посредување. Ако е потребно, ние сме подготвени да играме одредена улога. Но, вашиот поранешен претседател ги отфрли овие понуди“, истакна Лукашенко.

Треба да знаете
Последни објави