Аргентинецот Лионел Меси ќе се врати во тимот на шпанскиот фудбалски првак Барселона по октомвриската репрезентативна пауза. Тоа е најновата информација откако Меси предвреме го напушти натпреварот со Виљареал. Овој меч за Меси беше прв сезонава кој го почна во стартниот тим, откако на почетокот апстинираше од настапи поради повреда.
Меси има проблеми со адукторот, па ќе мора да паузира неколку недели. Како што пренесуваат шпанските медиуми Барселона ќе треба да ги одигра без Меси следните три натпревари. Сигурно е дека Аргентинецот ќе го пропушти првенствениот меч со Хетафе викендов и натпреварот со Интер во Лигата на шампиони, а се поизвесно е дека нема да биде на располагање и за дуелот со Севиља, по што следува репрезентативната пауза во националните шампионати поради одигрување на квалификациски мечеви.