Министерот за култура Хусни Исмаили денеска се обрати на отворањето на 13. Меѓународен семинар за албанологија на Универзитетот во Тетово. Поздравувајќи ги, како што рече, најостроумните луѓе на албанолошките науки во регионот, министерот Исмаили зборуваше и за значењето на албанологијата за сите Албанци, не само за оние кои живеат во Република Северна Македонија.
„Кога велам дека овој семинар не е важен само за албанологијата и само за Универзитетот во Тетово, го имам во предвид фактот дека за Албанците во Македонија развојот на албанологијата не е само научно прашање, туку е прашање на идентитет и култура. Една нација која има јавен универзитет и која успева да создаде традиционален научен настан од оваа димензија, сведочи за нејзината сериозност и за нејзиното сериозно присуство во овој географски простор, но и во академскиот простор. На овој начин нашето Тетово и нашиот универзитет докажуваат дека, како и во Приштина и во Тирана, албанологијата е еднакво развиена и кај Албанците во Македонија“, истакна министерот Исмаили.