Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 9 до 16, а максималната од 19 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 12 до 23 степени.
Од петок нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и потопла воздушна маса поради што ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.