Руски монструм киднапирал момче и го силувал 10 години

Никитин и претходно бил осудуван за сексуални злоставувања. Откако во 2007 бил пуштен од затвор, запознал 9- годишно момче од Украина. Го киднапирал , го чувал скриен во својот стан и сексуално го искористувал цели десет години. Детето било толку трауматизирано што заборавил како изгледаат неговите родители.

Според судските записи, во 2007 година, Никитин го намамил  9-годишното момче од куќата на соседот во неговиот стан и го злоупотребувал една деценија. Полицијата неколку пати организирала потера по момчето и го пронашла во 2017 година со идентификување на сомнителна двојка на улица. Поточно, тогаш било откриено дека тинејџерот немал документи и дека неговото име се наоѓа во базата на податоци за исчезнати лица.

Момчето пораснало со педофилот и неговата мајка. Дури откако детето живеело со нив неколку години, киднаперот му дозволил да излезе сам навечер, и тогаш момчето не се обидувало да избега.

View image on Twitter
Пред повторно да живее со своите родители, младиот човек морал да помине некое време во центар за рехабилитација, каде повторно морал да учи да чита и да пишува.
Треба да знаете
Последни објави