Словенија се подготвува за ново изненадување на ЕП

Одбојкарите на Словенија во првиот полуфинален натпревар на Европското првенство за мажи вечерва (20.30 ч.) пред своите навивачи во салата „Стожице“ во Љубљана ќе играат против соодветната селекција на Полска.

Словеније е една од четирите земји кои беа домаќини на завршниот турнир од ЕП. Во Љубљана,  Словенија пред домашната публика ќе се обиде да приреди ново изнеандување откако во четвртфиналето со голема поддршка од гледалиштето го елиминира актуелниот европски првак Русија.

Во вторто полуфинале, утре (20.45 ч.) во Париз ќе играат домаќинот Франција и Србија.

.

 

Треба да знаете
Последни објави