Шпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со само 300 евра, за нелегалните преговори со Антоан Гризман додека Французинот уште беше член на Атлетико Мадрид.
Атлетико бараше отштета од 80 милиони евра, бидејќи Барса го купи Гризман за 120 милиони, иако откупната клаузула до 1 јули беше 200 милиони евра. Потенцијални казни за каталонците беа привремено затворање на стадионот „Камп Ноу” или суспензија на Гризман, но целата работа се заврши со бизарна парична казна од 300 евра.
Каталонците тајно преговарале со фудбалерот додека уште пролетоска, кога тој беше под договор со Атлетико, и малата казна може да им даде право на многу клубови да го прават истото, знаејќи дека ќе бидат казнети со смешни 300 евра.