ВМРО-ДПМНЕ: Заев и кликата околу него се фатени во криминал до гуша

Вилма Русковска е докажан  слуга на Зоран Заев и работи по негова насока, доколку имаше дури и најмал сомнеж дека нешто од тоа што го говори Костадин  Костадинов е вистина, до сега ќе имаше спектакуларни апсења. Повеќе од очигледно е дека Костадин Костадинов лаже за да ја покрие својата вмешаност во Рекет и вмешаноста на неговиот шеф Зоран Заев. Сепак, доколку  немаат доверба во Русковска еве  повторно предлагаме да биде сменета и да се избере професионален и независен обвинител, кој што неселективно ќе ја истера истрагата за Рекет до крај и ќе ја испита одговорноста на  Заев и Костадинов во случајот.

Костадин Костадинов треба конечно и да собере храброст и да го праша својот шеф Зоран Заев, дали Луј Витон ташната со милион евра од рекетот на Катица Јанева и Боки 13 завршила на Илинденска и со неа е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!?

Дали и колку од парите од неколку месечниот рекет  кој е вршен од Јанева, Боки 13 и Кичеец завршиле на Илинденска!? Заев наместо да се крие зад Костадинов треба да излезе и да одговори на прашањата што правел со милионите од рекетот!?

Доаѓа време за одговорност за криминалот и корупцијата која изминативе три години ја вршат функционерите од власта. Затоа и паниката е голема, но спас од одговорност нема да има.

 

Треба да знаете
Последни објави