Димитров го реафирмираше барањето за приклучување кон Управниот совет на Заедницата на демократии

Во рамки на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на состанокот на Управниот совет на Заедницата на демократии.

-На состанокот министерот Димитров го реафирмираше барањето на Владата на Република Северна Македонија за приклучување  кон Управниот совет, во светло на демократскиот напредок на домашен план. Зборувајќи за демократскиот пробив, тој посочи на континуираната посветеност на демократските вредности и подготвеноста за постојано подобрување. Подвлече дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон Управниот совет на Заедницата, како прва земја од Западен Балкан, ќе послужи како инспирација и позитивен пример за демократското придвижување во регионот, соопшти МНР.

 Министерот за надворешни работи учествуваше и на работниот појадок на неформалната министерска мрежа за Меѓународниот кривичен суд. 

Треба да знаете
Последни објави