Брисел планира да именува висок специјален пратеник или претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, пренесува РТС повикувајќи се на приштински „Коха диторе“ и на неименувани дипломатски извори во ЕУ.
„Нема да биде доволно таа личност само да има контакт и пристап до Александар Вучиќ и Хашим Тачи, туку овој пратеник би требало сериозно да ги сфати и останатите актери на Косово, во Србија и во светот и да има политичка тежина“, вели изворот за весникот.
Некои дипломати сметаат дека тоа би требало да биде сериозна личност од висок политички профил и прифатлива за властите во Белград и Приштина но и за Вашингтон, Њујорк, па дури и за Москва.