Заев: Трамп го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил вечерва соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп му упатил порака дека го цени и  целосно го поддржува Договорот од Преспа.

Претседателот на Владата објави фотографија со претседателот на САД, Доналд Трамп, и нивните сопруги, Зорица Заева и Меланија Трамп, од приемот што американскиот претседател го органиизраше за лидерите на земјите што учествуваат на 74-тото Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

– Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк, за време на Генералното собрание на ОН. Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори, напиша Заев на Фејсбук.

Премиерот денеска имаше средба и со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10157840977972932

Треба да знаете
Последни објави