Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени денеска го погоди источниот дел на Индонезија. Како што соопшти Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот е на 37 километри североисточно од градот Амбон во провинцијата Малуку, на длабочина од 29 километри.
Нема податоци за евентуални жртви или штети.