Да му се помогне на колега од работа, да се интересира за здравјето на соседите во доцни години, да го пропуштите автомобилот во време на метеж – цела низа секојдневни убави гестови сега ќе бидат предмет на научни истражувања на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес (УКЛА), каде синоќа официјално беше отворен Институтот за љубезност.
Тоа е интердисциплинарна студија која ќе ја истражува љубезноста преку еволуцијата, биологијата, психологијата, економијата, културата и социологијата, се вели во соопштението на универзитетот.
„Институтот Бедари за љубезност во УКЛА сака да биде противтежа на актуелниот политички контекст во свет полн со насилство и тензии”, рече Дарнел Хант, декан на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Калифорнија.
Метју Харис, ко-основач на институтот, објаснува дека љубезноста лежи во секој од нас и ќе бидат потребни многу истражувања за да се разбере зошто љубезноста може да биде толку ретка во современиот свет.
Научните студии покажаа дека љубезните гестови имаат многу позитивен ефект врз физичкото и менталното здравје на луѓето што ги прават, но дека можат да бидат заразни за луѓето кои се сведоци на вакви потези.