Напаѓачот на францускиот фудбалски прволигаш Ница, Ламин Диаби (18 г.) е арамијата на скапоцениот часовник вреден 70.000 евра кој му беше одземен од новото засилување во тимот Данецот, Каспер Долберг. Диаби е осомничен за кражбата која е направена од ормарот на Данецот во соблекувалната на тимот.
Ако се докаже вината на младиот играч, Ница ќе го раскине договорот со напаѓачот. Диаби е дете на Ница, а во клубот игра од својата 13-та година.