Руска пратеничка предлага седиштето на ОН да се пресели на Крим

Членката на Државната дума и поранешна обвинителка на Крим, Наталија Поклонскаја, предложи седиштето на Обединетите Нации да се премести во Јалта на Крим, пренесува ТАСС.

Кримскиот град Јалта беше домаќин на конференцијата помеѓу Френклин Д. Рузвелт, Винстон Черчил и Сталин во февруари 1945 година на која беа поставени темелите на Обединетите Нации.

„За да се стави крај на сите шпекулации и застарените и многу вознемирувачки бајки од странство за анексијата на Крим, добро би било да се разгледа можноста за преместување на седиштето на ОН на Крим, на пример во Јалта“, рече Поклонскаја. Според неа, на полуостровот би можело да се најде прекрасно место што ќе поттикне мир и конструктивен дијалог.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека откако САД не им издадоа визи за некои членови на делегацијата на Русија за 74. сесија на Генералното собрание на ОН, препорачливо е да се постави прашањето за преместување на седиштето на ОН од Њујорк. Тој потсети на идејата на Сталин дека седиштето на ОН треба да биде во Сочи.

Треба да знаете
Последни објави