Форумот на жени на СДСМ преку низа активности ја одбележува Неделата на женски права и родова еднаквост. Како партија предводник на промените, СДСМ во изминатите две години спроведе бројни мерки за заштита и унапредување на правата на жените.
Донесен е Законот за спречување и заштита од дискриминација кој е усогласен со европските стандарди, каде за првпат како основа за дискриминација е вклучен и родовиот идентитет.
Ја ратификувавме Истанбулската конвенција, а донесен е и Национален акциски план за нејзина имплементација. Го укинавме рестриктивниот Закон за прекин на бременоста.
Парламентарното мнозинство донесе нов Закон кој овозможува жената сама да одлучува за своето репродуктивно здравје. Со него, го вративме правото на на самостојна одлука и безбеден абортус.
Низ сопствен пример, СДСМ дава поттик за поголема застапеност на жените во политиката и процесите на одлучување. Иако нема ниту законска ниту статутарна обврска, СДСМ е прва политичка партија во која Извршниот Одбор на партијата има повеќе жени од мажи. Во составот на Извршниот одбор, од 16 членови, 9 се жени. Нашата заложба е зголемување на квотите на застапеност на жените во политиката на 50 отсто и се стремиме тоа да го оствариме до крајот на мандатот.
Активно работиме на обезбедување на услови за подигнување на животниот стандард и финансиската независност на жените.
Ја зголемивме минималната плата во кожарската, текстилната и чевларската индустрија каде во голем дел работат жени кои со години беа дискриминирани и земаа помала плата од законскиот минимум. Значително се зголеми платата на воспитувачките и негувателките во градинките. Тие денес земаат плата повисока во просек за 3.000 денари, а веќе со септемвриската плата добиваат дополнително покачување од 5 отсто. Од оваа година, за прв пат, жените кои се занимаваат со земјоделство и преработка на земјоделски производи ќе можат да добијат неповратен грант од 3.000 евра.