Џонсон изгуби уште едно гласање во британскиот Парламент

Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска повторно изгуби едно гласање во Парламентот бидејќи пратениците го отфрлија владинииот предлог за тридневна пауза во законодавниот дом со цел да може членовите на Конзервативната партија да присуствуваат на нивниот годишен Конгрес, како што претходно беше вообичаено.

Предлогот, кој предвидуваше тридневна пауза, беше одбиен од 306 пратеници, а 289 гласаа „за“.

Членовите на долниот дом на Парламентот вчера ја продолжија работата во многу напната атмосфера по пресудата на Врховниот суд дека одлуката на премиерот за привремена суспензија на работата на Парламентот е незаконска.

Треба да знаете
Последни објави