Металург успеа да дојде до третата победа сезонава во Супер машката лига откако го совлада Бутел Скопје во „Автокоманда“ со 26:25 во неизвесен натпревар и далеку потешко од очекувањата.
Бутел се покажа како силен противник, а во последниот напад имаше можност да стигне и до голем бод на ова гостување.
Во последната минута се случуваше вистинска драма, прво Металург имаше седмерец за два разлика и решавање на мечот, но Мице Шилегов кој шутираше над голот.
За Бутел Скопје останаа 20 секунди за последниот напад со кој можеше да стигне до нерешено. Сепак, акцијата за крило не помина и последниот удар на Златко Мојсоски беше непрецизен со што беше пропуштена голема шанса.
РК Металург – Бутел Скопје 26:25 (15:11)
РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев, Јагуриновски 8, Поповиќ 2, Пецаковски, Шилегов 5, Танкоски 4, Мариќ 1, Серафимов 1, Лазаревски 3, Младеновиќ, Чантурија, Кбалашвили 1, Додиќ и Арсеновски 1. Седмерци: 2/3. Исклучувања: 14 мин. Црвен картон: Пецаковски во 59. минута.
Бутел Скопје: Даскалоски, Блажески, Димов, Младеновски 3, Стојановски, Ѓеоргиевски 4, Божиновски 1, Шокоски, Димовски 2, Спасовски, Мојсоски 7, Милошевски 2, Печенковски 2, Василевски 3, Мајиќ 1. Седмерци: 7/9. Исклучувања: 14 мин.