„Стожице“ гореше: Словенија ја надигра Полска и ќе игра за златото на ЕП

Одбојкарите на Словенија се првиот финалист на 31. Европско првенство откако вечерва бодрени од 11.500 навивачи во салата „Стожице“ во Љубљана ја надиграа Полска со 3:1 во сетови.

Словенците претходно го победија европскиот шампион Русија, а вечерва и актуелниот светски шампион. Вториот финалист ќе биде познат по вечерашната битка меѓу Франција и Србија.

Сите четири сета беа неизвесни и решаваа нијанси, па така избраниците на Џулијани отворија со 25-23, па Полјаците возратија со 26-24 за 1-1. Потоа на сцена одново стапија Словениците кои даваат се од себе, а тоа даде резултат и со 25-22 и 25-23 го заокружија големиот триумф.

Урнаут со 18 и Чебуљ со 15 поени беа лидери ка победникот, додека кај поразените Леон Венеро имаше 22 поени.

Само да потсетиме ние во групната ја добивме оваа Словенија со 3-1 во сетови.

Треба да знаете
Последни објави