Поранешната сопственичка на „Диамед“, Вера Иванова ја прошири кривичната пријава што претходно ја поднесе за директорот на ФЗОМ Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче и кон Зоран Милевски-Кичеец , дознава „Фокус“ .
Таа во својата изјава преку својот адвокат тврди дека пред продажбата на компанијата на шведскиот инвеститор „Диаверум“ имала средба по барање на Кичеец во името на Дончев и од неа побарал половина од парите од продажбата.
Според Иванова, таа одговорила дека не може да ја сопре продажбата бидејќи договорите со „Диаверум“ се потпишани.
-Тогаш ми беше речено ако навистина ја зборувам вистината да има дадам половина од колачот во спротивно ќе ми го пуштат ОЈО и Финансиска полиција и ќе ми ги земат сите пари од продажбата, јас одговорив дека не доаѓа во предвид во ниту една варијанта, подоцна од медиумите дознав дека почнале истрага против мене, вели Иванова.