На 26.09.2019 во 11.50 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен П.С.(23) од Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување“ на сериски број на патничко возило „јагуар“. П.С. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. На 26.09.2019 во 12.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен З.А.(22) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување“ на сериски број на патничко возило„фолксваген голф“ со косовски национални ознаки. З.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.