По повод Европскиот ден на јазиците, вчера во Кисела Вода во ООУ „ Невена Георгиева – Дуња” се одржа манифестација со богата програма.
Учениците од второ до деветто одделение пред големиот број присутни во холот на училиштето се претставија со лични творби и рецитации на поеми од познати поети. Децата настанот го збогатија и со изведби на песни на македонски, француски, англиски, руски, украински и српски јазик.
Програмата на манифестацијата ја подготвија наставниците по македонски, англиски и француски јазик.