Серијата напади над луѓето во белите мантили, задолжени да се грижата за здравјето на населението продолжува. По минатонеделниот предупредувачки штрајк, како и најавата за преземање на засилени мерки за безбедност нападнати се вработените во болницата „8 Септември“. Доцна синоќа роднини и блиски на починат пациент ги нападнале персоналот во болницата од одделението за интензивна нега. Била повикана полицијата да интервенира за да се расчисти ситуацијата.
–Не знаевме од која страна ќе не удрат, можеа пиштол да ни извадат. Џабе ми е изјава, џабе ми е се, коментира дел од персоналот и бара сериозна безбедносна заштита, велата вработените кои утрово протестираат.
Овој најнов инцидент е причината поради што вработените се собраа на протест пред канцеларија на директорот Хртистијан Костов. Претставници од синдикатот бараат прим кај управителот. Бараат конкретна заштита, а не само протоколарни изјави.
Во моментов тече состанокот на претставници на Синдикатот со директорот.