Комерцијална банка купува акции од Еуростандард банка

Еуростандард банка АД Скопје денес ја извести Комерцијална банка АД Скопје во врска со нивното обраќање до нас за првичниот интерес за стекнување со нашите акции.

Акционерите на Еуростандард банка АД Скопје ги задолжија органите на управување на банката да пристапат кон предходна постапка за размена на информации со цел за успешно стекнување на акциите. Овој процес ги засилува вложувањата на Еуростандард банка АД Скопје во развој на своите услуги и продукти и да ја следи својата мисија за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, технологијата, разновидноста на своите производи и услуги, секогаш имајќи ги во фокус своите клиенти, задоволување на нивните финансиски потреби и секако, нивната успешност.

 

Треба да знаете
Последни објави