Мијалков поради повраќање не се појави на суд за „Трезор“

Обвинетиот во „Трезор“ Сашо Мијалков за незаконска набавка на британската прислушна опрема за УБК, не дојде на денешниот распит, поради проблем со желудникот- објави СДК.

Според извештајот од болницата „Систина“ што го прочита во Основниот суд Скопје 1 судијката Џенета Бегтовиќ, поранешниот директор на УБК повраќал, имал покачена телесна температура, болки и подригнување, за што од 25 септември 2019 година му е препорачано домашно лекување и терапија. Во овој предмет на поранешното СЈО, обвинети покрај Мијалков се Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ. Тие се обвинети за незаконско прибавување на 820 илјади евра преку набавка на електронска комуникациска опрема од фирма од Велика Британија.

Големата сума пари од МВР, односно од државниот Буџет, легнала на сметката на фирмата „Финзи”, чиј сопственик Коста Крпач беше најден застрелан дома во април 2016, за време на предистражната постапка за незаконски присвоените 820.000 евра преку неговата фирма.

Крпач, кога беше најден мртвот, бил сведок на Специјалното обвинителство. Претходно, него го помилува претседателот Иванов.

Треба да знаете
Последни објави