По катастрофалниот земјотрес, Црногорците им испраќаат ќебиња, облека и храна на Албанците

Владата на Црна Гора денес донесе одлука да испрати хуманитарна помош во Албанија за санирање на последиците од земјотресите и поплавите што следуваа.

„Владата одлучи да испрати помош, меѓу другото, и шатори, ќебиња, облека, храна и производи за хигиена“, соопшти Кабинетот за односи со јавност на црногорската Влада.

Албанија беше погодена од неколку катастрофални земјотреси минатиот викенд во кои беа повредени стотици луѓе и кои предизвикаа голема материјална штета.

Албанскиот премиер Еди Рама тогаш апелираше за помош во санирање на последиците од земјотресот, а потоа и поплавите.

Треба да знаете
Последни објави