Пред првото обраќање пред Генералното собрание на ООН, претседателот на Салвадор, Наџиб Букеле (38) ја замолил публиката да почека секунда и, на изненадување на многумина, го извадил мобилниот телефон за да направи селфи.
„Верувајте ми, многу повеќе луѓе ќе го видат ова селфи отколку што ќе го слушнат овој говор“, рекол Букеле пред говорот, повикувајќи ги Обединетите нации да фатат чекор со времето и светските лидери да се поврзат повеќе со младите од нивните земји.
Според „Хина“, поранешниот градоначалник на Сан Салвадор често ги користи социјалните мрежи.
Во својот говор, тој ја припишал својата изборна победа на платформи како „Фејсбук лајв“, додавајќи дека неговите политички ривали не ја разбираат целосно важноста на социјалните мрежи.
#UNSelfie pic.twitter.com/P7qH5p2l04
— Nayib Bukele (@nayibbukele) September 26, 2019
На неговото обраќање до ГШ присуствувала сопругата на Букеле, која ја довела и нивната ќерка Лајла.
Букеле потоа објавил фотографија на Твитер каде што добил повеќе од 7.000 лајкови за помалку од еден час.