Собраниската комисија констатирала пропуст во работата на АНБ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија, Емил Димитриев, кој е предсадател на Комисијата за надзор на следење на комуникации заедно со колегите од комисијата денеска беа  во прв надзор над новата Агенција за национална безбедност. При тоа утврдиле дека имало пропуст кој допрва ќе се расветлува.

-Главен фокус  на денешниот надзор беше  трансферот на наредбите  за употреба на  посебнaта истражна мерка, „следење на комуникации“.Во овој дел ги погледнавме  сите наредби од моментот кога започнува новата агенција со работа. Констатиравме една ситуација  којашто треба дополнително  да ја провериме со другите  институции кои што  сметаме дека можеби ќе не доведе до фаза да го информираме јавниот обвинител да биде запознаен со ова состојба.Понатака ги гледавме наредбите коишто се сега оперативни, ги споредивме со логовите преку кои се внесени овие наредби и на еден начин извршивме увид во она што значи наследување на последната истражна мерка „следење на комуникации„ и каква е состојбата во моментов  од аспект на следење на комуникации, изјави Димитриев.

Тој не сакаше да ги коментира обвинувањата дека во Агенција биле вработени партиски, но и агенти кои не ги исполнувале критериумите.

Јавноста засега нема да има можност да се до изборот на кандидатите кои се вработени во АНБ. Директорот Виктор Димовски тврди дека списокот на кандидати е утврден, а комисијата за селекција одржала 39 состаноци. Селекцијата требаше да заврши минатиот месец, но истата се уште трае.

Треба да знаете
Последни објави