СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ј.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и А.М.(23) Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.
На 01.09.2019 пред угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, пријавените упатиле закани кон М.Б.(18), С.Ѓ.(18) и Х.К.(18), сите од село Сараќино, по што првопријавениот со неговото патничко возило удрил во нив, нанесувајќи им повреди.
После тоа, полициски службеници го запреле возило и при лишување од слобода на пријавените, второпријавената се однесувала агресивно и навредувала полициски службеник.