Тројца повредени во сообраќајка кај Куманово

На 26.09.2019 во 10.25 часот на крстосница од регионален пат Куманово – Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(73) и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(57), двајцата од с.Тромеѓа, кумановско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П. од возилото „тојота“ и била пренесена во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачот С.М. и сопатничката М.Д. и биле пренесени во болницата во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави