Ѓорчев: Ако обвинителот не се избира на предлог од опозицијата, не го прифаќаме законот

За опозицијата, неприфатлив е новиот закон за Јавното обвинителство доколку таа не го предлага првиот човек на Обвинителството, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во интервју за „Макфакс“.

На прашањето дали на овој начин партијата сака да не се донесе ваков закон, со оглед на фактот што повеќето од постапките се водат против поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорчев не беше дециден. Обвини дека судството и Обвинителството се политизирани и како такви не ќе решеле ниту еден од скандалите и криминалите на актуелната власт.

Ѓорчев избегна да одговори и на прашањето дали има контакти со бившиот лидер на партијата, Никола Груевски. Повтори дека партијата ја води Мицкоски, кој ја има поддршката од партиските органи и дека партијата е таа линија на функционирање. За него, не е проблем што во партијата и сега има неколку струи, фракции, кои не се обединети со матичната партија и вели дека тоа нема да биде проблем партијата да победи на следните избори. Според него, и покрај фактот што 10 пратеници се отцепија од ВМРО-ДПМНЕ, нема опасност за нови отцепувања, формирање нови партии и одлив на членството.

Видео од интервјуто може да го видите на страницата на „Макфакс“.

Треба да знаете
Последни објави