Докторката во 8-ми Септември не билa натепанa, имало само вербална расправија

Пациентот чии роднини вербално нападнаа лекарка од болницата „8 Септемрви“, во оваа институција бил донесен вчера околу 14 часот. Директорот на болницата д-р Кристијан Костов вели дека тој бил во многу лоша здравствена состојба. Имал срцеви и бубрежни проблеми и околу 23 часот за жал починал.

-Инцидентот се случил кога пристигнале неговите роднини. После доаѓањето на полицијата, телото е изнесено од болницата од страна на роднините. Точната причина за инцидентот не е позната – изјави д-р Кристијан Костов, директор на ГОБ „8 Септември“. Според него вест за настаната смрт роднините различно ја примаат, некои го доживува тоа агресивно, некои мирно.

-Стресно е за вработените, но тоа е дел од нашата професија. Се надеваме набрзо ќе се најде решение за вакви и слични ситуации – објаснува Костов.

Треба да знаете
Последни објави