Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји предупреди пред Генералното собрание на ООН дека царините и трговските спорови можат да го турнат светот во рецесија и порача дека Пекинг е посветен на решавање на овие проблеми на „мирен, рационален и кооперативен начин”.
– Кревањето sидови нема да ги реши глобалните предизвици, а обвинувањето на другите за сопствените проблеми не функционира. Лекциите од Големата депресија не треба да се заборават, рече Ванг. Тој додаде дека тарифите и провокацијата на трговските спорови, кои го нарушуваат глобалниот индустриски ланец за снабдување, служат за поткопување на мултилатералниот трговски режим и светскиот економски и трговски поредок.
– Тие дури можат да го турнат светот во рецесија, предупреди Ванг.