„Вечер на изворен фолклор” во Крива Паланка

На плоштадот „Карпошово востание” во Крива Паланка вечерва се одржа културен перформанс насловен „Вечер на изворен фолклор” во организација на културно-уметничкото друштво „Карпош”.
Настанот е дел од годинашната програма за култура на општината „Кривопаланечко културно лето” поддржана од министерството за култура на Република Северна Македонија.
– Вечерва на оваа отворена сцена продефилираа стотина млади играорки и играорци кои прикажаа дел од кореографии те карактеристични за изворниот фолклор и мелос од Крива Паланка и Кривопаланечко. Публиката ги проследи „Мори Маро Дилиндаро”, „Трновка”, „Заврзлама”, „Дурачка тројка”, како и дел стилизиран фолклор, кореографииите: „Шопка”, „Пијанец”, „Рамно оро” и други, во носии карактеристични за овој крај, придружувани од гајда, зурла,тапан. Нашето Културно-уметничко друштво е културен амбасадор на општината и државата веќе  пет децении,а само годинава се претставивме и достојно ги прикажавме нашата традиција и фолклор на десетина интернационални фестивали во Европа, изјави Миле Николовски, претседател на КУД „Карпош”, Крива Паланка.
Вечерашниот настан има и хуманитарен карактер, во кругот на плоштадот се собираа средства за лекување на младата, тринаесетгодишна, Сандра Ангеловска, член и пријателка на друштвото, на која неодамна била дијагностицирана тешка болест.
Од друштвото ги повикуваат сите хумани граѓани да помогнат во собирање средства за лекување на Сандра
Треба да знаете
Последни објави